Фудбал
26. December 2019 - 20:04

Пресврт победа на Тотенхем, Саутемптон го изненади Челзи

 

            Тешко извојувана победа за Тотенхем од 2-1 во дуелот со Брајтон попладнево во рамките на популарниот Боксинг Деи.

            Гостите играа добро и по неколкуте неискористени шанси на тимот на Мурињо го отворија резултатот со погодокот на Вебстер во 37м.

            Сепак притисокот што го направи Тотенхем вроди плод и Кејн во 53. Минута обезбеди израмнување.  Вториот гол за победа од 2-1 го постигна Деле Али во 72. Минута.

          Челзи продолжува со променливата игра.  Наместо нова победа пораз од 2-0 во дуелот со Саутемптон со што оваа екипа конечно излезе од опасните води во Премиер лигата.  Обафеми во првото полувреме најави изненадување кое во вториот дел го потврди Редмонд.

Ново на Сител