Пресметајте кога треба да легнете во кревет за да станете наспиени и одморни
Иако некогаш легнуваме рано во кревет, наутро се будиме уморни и ненаспиени. Експертите истакнуваат дека не е доволно само да се легне порано, туку дека треба да се легне во точно време.
На интернет се појави Sleep Calculator кој врз основа на формула и податоци за сонот од областа на медицината, пресметува во колку часот точно треба да се легне, а според времето во кое треба да се стане. Темелен на циклусите на спиењето, а не на бројот на часовите.
Познато е дека човекот во текот на ноќта има пет или шест циклуси кои траат околу 90 минути. Луѓето се будат уморни ако алармот ги разбуди сред циклусот на спиење и поради тоа се јавува чувство на замор.
Ако треба да станете во седум часот наутро тогаш треба да легнете во 21:46 или 23:46 часот. Ако пак останувате надвор малку подолго, тогаш легнете во 00:46 или 2:16 часот.
Ако станувате во шест наутро тогаш легнете во 20:46, 22:16 или 23:46. Ако ги прескокнете овие часови, тогаш 1:16 е вистинско време.
„Добриот ноќен сон не се добива со рано одење во кревет, туку со будење во точно време. Со користење на формулата која се темели на нашиот природен телесен ритам, нашиот калкулатор ќе ви го пресмета точното време кога треба да одите на спиење” – наведуваат креаторите на овој калкулатор.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј