Препораки за заштита на граѓаните од студено време
Граѓаните да не излегуваат надвор без неопходна потреба, да конзумираат топли напитоци и храна што ја одржува температурата на телото, да избегнуваат алкохол и соодветно да се облекуваат, препорачува Комисијата за оперативно спроведување на активностите од Акцискиот план за заштита на здравјето на населението од студено време.
Во случај на екстремно ниски температури за заштита на здравјето на населението, се препорачува избегнување физичка активност на отворено, користење топла, повеќеслојна облека и соодветни обувки за снег и мраз и внимателно одење.
Се препорачува граѓаните што е можно повеќе да бидат активни и да се движат во затворени простории, да го проверат греењето во домот и доколку се во можност да помогнат на членовите на фамилијата, соседите или пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население.
Ранливите групи на населени, како старите лица се препорачува да се облекуваат потопло, бебињата почесто да се проверуваат дали се загреани, срцево болните да избегнуваат тешки вежби и редовно да земаат лекарства, бидејќи се изложени на зголемен ризик за можни здравствени последици при студено време.
Доколку граѓаните забележат лице од ризик од студено време како бездомник или деца на улица, истото да го пријават на бесплатниот телефон 15 505.
Службите за медицина на труд имаат обврска да обезбедат соодветни информации на работодавачите и работниците кои работат во услови на ниска температура за постоечкиот ризик како и примена на соодветни мерки за справување со ризикот од ниски температури.
За работодавците се препорачува да воспостават план на делување при работа во услови на студ и ниски температури, да се запознаат работниците со опасностите на кои се изложени при работа на отворено и со мерки кои треба да се превземат со цел за заштита на живот и здравје на работниците, во екстремно студени услови, да се обезбедат кратки прекини во работата во топли засолништа и да се организира работата во најтоплиот дел од денот и да се скратат периоди на работа надвор.
На работниците им се препорачува да се запознаат со знаците и симптомите на заболувањата и повредите предизвикани од студ, да користат слоевита, комотна и топла облека за студено, влажно и ветровито време, со капи, соодветни обувки, ракавици и да консумираат поголеми количества топли, засладени напитоци и да избегнуваат пијалоци со кофеин и алкохол.
Ново на Сител
-
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа
-
На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути
-
Во стан во Велес пронајден мртов маж
-
Ангелов со апел за внимателност за Илинденските празници за да не се предизвикаат пожари
-
Кривична за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил
-
Три лица загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово
-
ОЈО Битола доби нов Истражен центар за борба против најтешките и најсериозните облици на криминал
-
Николоски: Клучната разлика меѓу оваа и претходната влада е што сега се испорачуваат резултати, откочени се проектите од коридорите 8 и 10