Препораки на струшките пожарникари за безбедни празници
Територијалната противпожарна единица – Струга апелира до граѓаните да бидат внимателни во пресрет на новогодишните празници, да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства, да не управуваат со превозни средства доколку конзумираат алкохол, да паркираат на безбедни места.
-Граѓаните да не ја оптоваруваат електичната инсталација во домовите за да не се предизвика спој на електричната инсталација и можно настанување на пожар. Ако конзумирате алкохол или планирате да конзумирате не управувајте со никакво превозно средство. Паркирајте ги возилата на безбедни места. Следете ги упатствата на службата за паркирање, а во случај да забележите возило со првенство на минување и со ротациони светла отстапете предност бидеќи тоа отстапување може да спаси човечки живот, стои во препораката на струшките пожарникари.
Во случај на пожар или друга техничка интервенција граѓаните може да се јават во ТППЕ Струга на 193.
Ново на Сител
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната