Премиерот Заев лауреат на Меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“ за 2019 година
Премиерот Зоран Заев е овогодишен добитник на Меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“, што ќе му биде врачена на Свечена академија која ќе се одржи на 27 ноември во Народниот театар во Сараево, соопшти Комитетот за доделување на ова единствено државничко признание во Босна и Херцеговина.
– Господинот Зоран Заев не само што значително ги унапреди односите во регионот на Западен Балкан, туку покажа и силно политичко лидерство во контекст на порешително приближување на регионот кон Европската Унија и НАТО, се наведува во образложението на Комитетот за доделување на наградата.
Во текстот се посочува дека Комитетот на може да знае како ќе изгледа политичката биографија на премиерот Заев во текот на следната година, но неговите „напори, иницијативи и резултати во 2019 година несомнено ќе останат забележани како позитивни и ќе бидат историски ценети“.
Претседател на Комитетот за доделување на наградата „Иса-бег Исхаковиќ“ за 2019 година е потпретседателката на Академијата за науки и уметности на Босна и Херцеговина, Адила Пашалиќ-Кресо, а меѓу неговите членови се и академиците Мирјана Вуковиќ, Владимир Беус, Мирсада Хукиќ, Лидија Лицендер-Цвијетиќ, Марина Катниќ-Бакаршиќ, Абдулах Шарчевиќ, Дејан Милошевиќ, Бранислава Раѓеновиќ, Слободан Лога и Џевад Јузбашиќ.
Минатогодишен лауреат на оваа награда е поранешниот шеф на хрватската држава Иво Јосиповиќ, а меѓу добитниците во претходните години се и поранешниот австриски претседател Хајнц Фишер и актуелните претседатели на Словенија, Борут Пахор, на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и на Хрватска, Колинда Грабар-Киртаровиќ.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила