Премиера на документарниот филм „Македонскиот идентитет низ историјата“
Во Мултимедијалниот центар на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип вечер премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Македонскиот идентитет низ историјата“ изработен од студенти од Историја и археологија на Факултетот за образовни науки.
Игор Стојанов од Центарот за информирање на УГД изјави дека станува збор за самоиницијативен проект на неколку студенти од овој факултет. Филмот, како што рече, ги обработува четирите столба на македонската национална историја: антика, среден век, македонската револуционерна дејност и антифашистичкото народноослободителното движење на Македонците во Втората светска војна.
- Документарниот филм содржински е поделен на четири дела, содржи говори од професори и студенти од Катедрата за историја при УГД, кратки играни делови, анимации, фотографии и музички ефекти. Според авторите на ова дело, целта е да се опфатат најзначајните елементи од формирањето на македонскиот идентитет, како и да се потенцираат накратко најважните периоди од македонската историја, делови кои се основа и се направени да бидат разбирливи за секого, рече Стојанов.
Филмот ќе биде депониран во архивот на Кинотеката на Македонија, а до средните училишта во Штип ќе бидат доставени дискови. Документарниот филм „Македонскиот идентитет низ историјата“ ќе биде прикажан и на неколку локални телевизии во Македонија, ќе биде доставен и до фестивалот на документарни филмови „Македокс”.
За реализација на документарниот филм, студентите добија финансиска поддршка од Студентскиот парламент на УГД и Трговскиот центар ЕЛКОС, а логистичка поддршка добија од УГД ФМ, УГД ТВ, ЕАМ, „Тринити медиа“, ДКЦ „Карпош“.
Ново на Сител
-
Трамп верува дека ќе биде постигнат мировен договор за Појасот Газа
-
Без струја утре дел од скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров
-
Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто
-
Без вода утре остануваат повеќе улици во општините Центар и Аеродром
-
ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово
-
Брутална тепачка во Виница, маж со скршен череп и во кома по пресметка пред ресторан
-
Пукање во Куманово, ранет кандидат за советник во Липково
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи, набавени рекордни 80.000 дози