-->
-->
Премиер лигата стартува на 12-ти август
-->

Фудбалерите на Челзи одбраната на шампионската титула ќе ја почнат на 12 август, кога на „Стенфорд Бриџ“ ќе гостува Барнли, а веќе во второто коло ги очекува градското дерби со Тотенхем.
Првото коло не нуди вистонско дерби, а најинтересни би требало да бидат натпреварите помеѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем, односно Њукасл и Тотенхем.
Интересна двојка во првото коло е и дуелот помеѓу Кристал Палас и Хадерсфилд Таун, бидејќи претставува реприза на последниот натпревар кој Хадерсфил го одигра во елитниот ранг на англискиот фудбал во далечната 1972 година.
Премиер лига, прво коло:
Арсенал-Лестер
Брајтон-Манчестер Сити
Челзи-Барнли
Кристал палас-Хадерсфилд
Евертон-Стоук
Манчестер Јунајтед-Вест Хем
Њукасл-Тотенхем
Саутемптон-Свонски
Вотофорд-Ливерпул
ВБА-Борнмут
На почетокот од сезоната најтежок распоред има Арсенал. Тимот на Арсен Венгер сезоната ќе ја отвори против Лестер, потоа во третото коло ќе гостува кај Ливерпул, додека во петтото коло „топчиите“ гостуваат кај Челзи.
Според планот, сезоната 2017/2018 година ќе заврши на 13 мај 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
