Премиер лигата нема да врати пет замени, Гвардиола и Клоп инсистираа на тоа
Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс изјави дека лигата нема намера да го врати правилото за пет замени.
Претходно за враќање на правилото на пет замени инсистираа главните тренери на Ливерпул, Јирген Клоп и на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
-Се верува дека можноста за пет замени го менува натпреварувачкиот биланс на натпреварот. Веќе имаше два гласа за ова прашање, и за обете беа поддржани три замени, односно враќање на историскиот модел. Не мислам дека нешто ќе се промени во иднина. Можеме да разбереме зошто ова е контроверзно. Особено ако вие, како Клоп и Гвардиола, играте во европски натпреварувања, истакна Мастерс за „Goal“.
Петте замени беа дозволени во периодот по принудната пауза поради коронавирусот, со цел да се избегнат повреди на играчите кои беа надвор од тренажниот процес.
Ново на Сител
-

НАСА: Срушен е рекордот - човек отпатува најдалеку од Земјата досега
-

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ
-

Кривична за Струшкиот градоначалник, именувал директор без соодветно образование и непознавање на англиски јазик
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
