-->
-->
Премиер лига: Ливерпул знае како со „големите“
-->
Фудбалерите на Ливерпул уште едно дерби во Премиер лигата го завршија со победа и нови три бодови. Вечерва со 3:1 на Енфилд беше совладан Арсенал. Но, Ливерпул и натаму има проблем со совјувањето на бодови со екипите од долниот дел на табелата.
Ливерпул со головите на Роберто Фирмино во 9.минута и на Садио Мане во 40 минута водеше по првиот дел со 2:0. На почетокот на вториот дел Арсенал преку Дени Велбек намали на 2:1 во 57.минута, а конечните 3:1 ги постави Џорџинио Вајналдум во 90+1 минута. На другите дуели од 27.коло одиграни денеска беа постигнати следниве резултати:
Манчестер Јунајтед - Бурнемут 1:1
Лестер - Хал 3:1
Стоук - Мидлсброу 2:0
Свонси - Барнли 3:2
Вотфорд - Саутемптон 3:4
ВБА - Кристал Палас 0:2
Утре играат: Тотенхем - Евертон и Сандерленд - Манчестер Сити. Во понеделник играат: Вест Хем - Челзи.
Табела:Челзи 63 бодови, Тотенхем 53, Ливерпул 52, Манчестер Сити 52, Арсенал 50, Манчестер Јунајтед 49,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка, денеска врнежи низ земјава
-

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
