Прелет на воздухопловите на Армијата утре над Скопје
По повод 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, за утре од 12:00 до 13:00 часот е планирано надлетување над Скопје со група на воздухоплови.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и е планирано да лета во формација 3-2-2-2 и тоа: три хеликоптери Ми-17 – водител на група, два хеликоптера Ми-24, два хеликоптери Bell-206 и два авиони ZLIN-242L.
– Се надеваме дека граѓаните на Град Скопје ќе уживаат во прелетот на воздухопловите на Армијата на Република Македонија. Воедно, од името на сите припадници на Воздухопловниот ВИНГ, во време на светската пандемија од КОВИД-19, на граѓаните на Република Македонија им посакуваме да останат во добро здравје и ведар дух, да ги почитуваат препораките за заштита, а на сите заболени им посакуваме поскоро оздравување и закрепнување, стои во писмената изјава на мајор Сашо Павловски.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на воздухопловниот ВИНГ утре ќе се обрати вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска.
– Доколку временските услови овозможат, во рамките на свеченоста е предвидено демонстрација на летање од страна на авијацијата на нашата Армија, како и прелет на авионите Ф-16 кои го изведуваат редовното воздушно патролирање на НАТО над нашата територија кое започна со нашето полноправно членство, а кое согласно техничкиот аранжман го реализира военото воздухопловство на Република Грција, информираат од Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
