Преку „Македонија вработува“ отворени 9.600 работни места

Со владината програма „Македонија вработува“ досега се отворени 9.600 работни места. Ова е значајна бројка, а невработените имаат значително поголеми можности и шанса да се вработат преку поволностите кои што се нудат со овој проект, изјави денеска заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
При посета на капацитетите на компанијата „Империјал“ која има 300 вработени, истакна дека таа фирма е успешен пример за развој и користење на владините мерки со кои досега има анагажирано осум работници.
Според директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Попоски, „Империјал“ учествува и во неколку други мерки кои ги предлага Агенцијата. Во наредниот период ќе почне мерката за обука на 20 лица кај познат работодавач, а по обуката компанијата може да ги задржи и вработи според мерката Македонија вработува, со оглед на потребата на компанијата, изјави Попоски.
Од компанијата „Империјал“ велат дека имаат потреба од дополнителен кадар, бидејќи шивачката професија е дефицитарна на пазарот на труд.
- Ги користиме субвенциите и досега имаме осум вработени, а во тек е и посредувањето преку Центарот за вработување во Тетово за прием на дваесет лица за програмата Обука кај познат работодавач. Нашиот оглас е постојано отворен и за лица за обука но и за лица со работно искуство, изјави Александар Кузманоски од компанијата „Империјал“.
Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека има резултати од мерките за вработување и ги поттикнуваат сите компаниите во земјава да се вклучат во овој проект, што ќе продолжи до крајот на април следната година. - Со тоа ќе се помогне на невработените побрзо и полесно да најдат работа, а компаниите да го прошират својот бизнис користејќи ги поволностите од проектот Македонија вработува, истакнуваат од ресорното Министерство.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа
-

Најстудено утрово во Лазарополе
-

ВМРО - ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, за колку СДСМ го продаде името?
-

Кина преговара со Иран за безбедно минување на нејзините бродови низ Ормускиот теснец
-

ИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат
-

УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца
-

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран
-

Хегсет: Само што почнавме и ќе се бориме колку што е потребно
