ПРЕКРАСНО: Погледнете ја рекацијата на глуво бебе кое по прв пат го слуша гласот на мајка му
Малиот Ксандер се родил девет недели пред предвидениот термин, со големи здраствени проблеми. Го изгубил слухот поради крварење во мозокот.
Цели два месеци бил на неонаталното болничко одделение на интезивна нега. Иако кога се родил од болницата кажале дека Ксандер го поминал ушниот тест, мајката не била уверена.
Знаела веднаш дека нешто не е во ред кога не реагила како другите деца. Направиле нов тест и заклучиле дека му треба ушен апарат затоа што поради мединските компликации ситуацијата се влошила.
- Требаше три месеци да поминат за да им докажам дека нешто не е во ред. Тие само мислеа дека се однесувам премногу заштитнички, но се докажа дека бев во право. Никогаш немојте да го потценувате мајчинскиот инстинкт. Неговиот слух нема да се влошува, но ниту да се подобрува, мора секогаш да носи ушен апарат, порачува мајката.
Мајката го снимила моментот во кој со помош на ушен апарат Ксандер прв пат го слуша нејзиниот глас. Во ова симпатично виодео се гледа реакцијата на детето на мајчиниот глас и таа едноставно е неодолива. Ксандер на почетокот малку се збуни, а потоа, на радост на сите, почна да се смее.
Ново на Сител
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми