Прекината свадба во струмичко со 300 гости и жива музика
Свадбата во селото Банско, која вчера ја прекина полицијата, била организирана на отворено, со настап на пеач и оркестар во живо, потврдуваат за МИА очевидци од селото и портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Очевидци велат дека просторот каде се организирала свадбата бил блокиран од двете страни со автомобили и неколку часови среде бел ден траела свадбената веселба. Откако полицијата интервенирала свадбарите се разбегале.
Според соопштението од СВР Струмица, Д.И.(57) и А.И.(54) ја организирале свадбената веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости.
-По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира портпаролот Трајанова.
За настанот бил известен и обвинител од ОЈО Струмица.
Инаку, пред два дена полицијата во дом на струмичанец прекина забава на која учестувале 11 лица.
Ново на Сител
-
Кремљ: Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети тоа ќе ја зголеми нивната вмешаност во конфликтот
-
Загаденоста на воздухот во Њу Делхи 60 пати над максималниот праг, училиштата затворени, граѓаните се гушат
-
Борел: Се надевам дека членките на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб
-
Воз излетал од шините кај Зелениково
-
Лице пријавено како изгубено во Маврово пронајдено во добра состојба
-
Ким Џонг Ун ја повика војската да се подготви за војна
-
Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата