Прекината седница за пратенички прашања

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски попладнево кусо по почетокот го прекина продолжението на седницата за пратенички прашања откако пратеничката Дафина Стојановска во процедурална забелешка побара оставка од целата Влада обвинувајќи го уште еднаш вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за недолично однесување.
Стојановска повикувајќи се на член 219 од Деловникот за работа на Собранието побара оставка од Владата, а во тоа ја поддржаа и нејзини колеги од пратеничката група стоејќи зад неа на говорницата.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа што го направил Маричиќ не е напад кон неа како Дафина Стојановска, туку се случи нецивилизиран гест врз пратеник од ова Собрание.
-Овде сите треба да реагираме, се додека се двоиме по ваков или по онаков основ, се вака ќе ни се случува, рече таа.
Ова, според неа, е чин на понижување на Парламентот, на демократијата во оваа држава, и чин на којшто треба сите да реагираат, вклучувајќи ги оние кои работат во Собранието.
Однесувањето на Маричиќ го нарече кукавичко и подмолно, нагласувајќи дека и било посочено дека „немало камери коишто го уловиле неговото однесување“.
-Ова е чин на морал и европска вредност. Затоа бараме оставка, рече Стојановска повикувајќи го Маричиќ на оставка.
Потпретседателот на Собранието Мисовски и рече на Стојановска дека нема да дозволи преку неговиот грб пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се пресметуваат кој е за Мицкоски, кој е за Никола Груевски и дека е очигледно дека пратениците од опозициската партија не сакаат седница за пратенички прашања. Потоа ја прекина седницата, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласно реагираа на неговата забелешка.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
