Преговарачката рамка во јуни, старт на преговорите наесен

Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија ќе биде објавена следната недела.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји најави дека преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија треба да бидат објавени „во наредните денови“, а вицепремиерот Бујар Османи, изјави дека очекува тоа да се случи на „9 или 10 јуни“.
-Преговарачката рамка на ЕУ, како нацрт верзија, ќе биде објавена на 9 или 10 јуни, заедно со краток извештај за напредокот во реформите, рече Османи, кој при тоа потенцира дека постигнувањето на консензус за датумот на изборите нема да влијае на преговарачката рамка.
Нагласи дека откако Европската комисија ќе ја објави нацрт верзијата на преговарачката рамка, земјите членки треба да ги изнесат своите национални позиции и на крајот да дојдат до консензус.

– Очекувам и се надевам дека овој предлог ќе биде неутрален, по однос на позициите на различните земји членки, и повеќе ќе се заснова на принципите на функционирање на ЕУ. Очекувам дека откако ќе се објави, секоја земја, вклучувајќи ја и Бугарија, ќе се обиде да ја наметне својата национална позиција. Но, се координираме, ние си ги утврдивме нашите државни позиции за тоа што би сакале и која е најдобрата верзија. Како држава кандидат не сме во позиција да влијаеме на преговарачката рамка, но ќе лобираме и ќе работиме, истакна вицепремиерот Османи.
Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски вели дека не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на земјава со ЕУ. Според него, неспорноста на македонскиот идентитет, нашето приближување кон ЕУ, добрососедските односи со Бугарија се комплементарни, а јасна е и позицијата на МНР и на Владата.
-Не сакам да коментирам со која намена се тие изјави, меѓутоа не очекувам да има блокирање. Напротив, тој оптимизам го црпам врз основа на тоа што го видов јас и што го видовме сите заедно што се случуваше кога се боревме за НАТО, особено за добивање одлука да се отворат преговорите со нашата земја. Нашите соседи кои до вчера не блокираа станаа најгласните адвокати, заговорници, поддржувачи на нашите евроатлантски аспирации, така што, не мислам дека ќе дојде до блокирање, вели Жерновски.
Првата Меѓувладина конференција (МВК) со Северна Македонија и Албанија, пак, официјален Берлин очекува да се случи за време на нивното претседавање со ЕУ кое го преземаат на 1 јули од Загреб.
Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека неговата земја се надева оти Меѓувладината конференција која, го означува де факто отпочнувањето на преговорите за членство со Унијата и отворањето на првото поглавје.

– Дадовме зелено светло за Северна Македонија и Албанија, беше многу тешко да ги убедиме нашите партнери во ЕУ, и се надевам дека официјално ќе можеме да ги започнеме преговорите со првите меѓувладини конференции за време на германското претседателство, можеби наесен и конечно се надевам дека ќе бидеме поактивни во регионот, ова е од клучна важност, изјави министерот Рот вчера на конференција на Европскиот политички центар.
Тој истакна дека Западниот Балкан му е „при срце“ и потсети дека на регионот му е ветена ЕУ перспективата пред 17 години.
– Ова е една од најдобрите алатки и ова мора да направиме да успее, мораме да ја зајакнеме видливоста на ЕУ на Западниот Балкан, рече Рот, потсетувајќи дека Унијата ќе даде 3,3 милијарди евра за регионот за справување со здравствената криза и нејзините социо-економски последици.
Објавувањето на овие рамки сега остава простор прашањето да се додаде на дневниот ред на министрите за европски прашања на ЕУ уште овој месец, но за сега ова не е потврдено.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
