Loading Video...
Свет
15. July 2024 - 17:10

Преглед на вестите од светот

Обидот за атентат,  не ги ги промени плановите за планираните  предизборни  активности на Доналд Трамп.  Пристигна во Милвоки каде од денеска почнува четирдневната национална конвенција на Републиканците на која ТРамп  официјлано ќе биде прогласен за кандидат на партијата за Белата куќа.  Главниот настан ќе биде во четвротк, ТРамп ке оддржи говор и ке прифати по трет пат  да биде републикански претседателски кандидат. Тогаш ќе  го открие и  името на кандидатот за потпретседател на САД.  По   пукањето  на  саботниот митинг во Пенсилванија, при кое   ТРамп  беше полесно повреден, Тајната служба не планира  да го промени претходно утврденот безбедносен  план  за републиканската национална конвенција.

„ОВА Е НАЦИОНАЛЕН, СПЕЦИЈАЛЕН БЕЗБЕДНОСЕН НАСТАН. ТОА Е НАЈВИСОКОТО НИВО СО БЕЗБЕДНОСНА ОЗНАКА ШТО МОЖЕ ДА ГО ОДРЕДИ ФЕДЕРАЛНАТА ВЛАДА. НИЕ СМЕ УВЕРЕНИ ВО ОВИЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПЛАНОВИ ШТО СЕ ВО СИЛА И ПОДГОТВЕНИ СМЕ“, ИЗЈАВИ ОДРИ ГИБСОН-КИЧИНО, РНК КООРДИНАТОР ЗА ТАЈНАТА СЛУЖБА.

Тајната служба за инцидентот   прстот го впери во локалната полиција на Пенсилванија. Вели дека  нивна одговорност била да го обезбеди покривот од кој 20 годишнииот Томас Метју Крукс   пукаше од пушка. .  Моитвот за атентатот останува мистерија.  Претседателот  на САД   нареди  незавина истрага за да се разјасни што точно се случило.  Во синокешниот говроот до нацијата  Бајден истакна -  во Америка нема место за насилство и повика на единство во земјата.

„НЕСОГЛАСУВАЊЕТО Е НЕИЗБЕЖНО ВО АМЕРИКАНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА. ВЕРУВАМ ДЕКА ПОЛИТИКАТА ТРЕБА ДА БИДЕ АРЕНА ЗА МИРНА ДЕБАТА. НЕ МОЖЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ОВА НАСИЛСТВО ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА

Во обидот за атенат врз Трамп загина еден посетил а уште двајца  завршија со сериозно повреди. Агенти на тајната служба го убија стрелецот, кој како што соопшти ФБИ дејствувал сам. Немал кримнално досеје,ниту историја  на проблеми со менталното здравје.  Бил регистриран републиканец,   работал во стречки дом,  а пред две години  завршил средно училиште. Американски медиуми пренесуваат изјави од соученици на Круск, во кои тој е опишан како  паметен но тивок и  смражелив..

Унгарскиот премиер Виктор  Орбан им достави на лидерите на Европскиот совет  план за решавање на војната во Украина врз основа на резултатите од неговата мировна мисија, за време на која од 2 до 11 јули ги посети Русија, Украина ,  Кина и САД октри  политичкиот советник на Орбан., Балаш Орбан, но не сподели детали од планот. Правната служба на Европската унија претходно утврди дека разговорите на унгарскиот премиер со Путин ги прекршиле договорите на ЕУ. Земјите од ЕУ разгледуваат различни опции за казнување на Унгарија поради некоординираната посета на Орбан на Русија.

Изат Ел Решик,висок функционер на Хамас изјави дека исламиситчката група не се повлекла од преговорите за прекин на огнот со Израел. Тој го обвини Израел дека се обидува да ги попречи напорите на арапските посреедници и САД да постигнат договор за прекин на огнот со заислување на нападите во енклавата. ЗА време на викендот, во израелксите напади во област Кан Јунис загинале најмалку 100 Палестинци, објавија здравствените власти во  Газа.