Loading Video...
Свет
13. July 2024 - 16:44

Преглед на вестите од светот

ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС ВО ТУРЦИЈА УДРИЛ ВО ЅИД ОТИ МУ ОТКАЖАЛЕ СОПИРАЧКИТЕ: ИМА ЗАГИНАТИ И ПОВРЕДЕНИ

Две лица загинаа денеска, а 32 се повредени, oткако туристички автобус удри во ѕид од куќа во турската провинција Мугла.

На автобусот што превезувал локални туристи на еднодневна турнеја му откажале сопирачките, па удрил во три паркирани автомобили, не можел да застане па удрил и во ѕид од куќа.

Од силниот удар неколку патници излетале од автобусот, а неколку лица останале заглавени во возилото.

Екипите на итната помош ги превезуваат повредените во околните здравствени установи.

 

ХАОТИЧНИ СЦЕНИ НА ЕВАКУАЦИЈА ВО КАН ЈУНИС ПО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВО КОЈ ЗАГИНАА НАД 70 ЛИЦА

Повеќе од 70 Палестинци загинаа, а над 300 беа повредени во израелски напад насочен кон камповите на раселените лица во јужниот дел на Појасот Газа.

Очевидци велат дека израелската армија употребила пет тешки проектили за да ја гаѓа областа Ал-Маваси, која израелските сили ја прогласија за безбедна зона.

Сите ги нема, целото мое семејство го нема.. каде се моите браќа? Сите ги нема, сите ги нема“ - Палестинка

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 38.300 Палестинци, главно жени и деца, а речиси 88.300 се повредени.

 

БРИТАНИЈА ПЛАНИРА ДА ОСЛОБОДУВА ЗАТВОРЕНИЦИ ЗА ДА СЕ СПРАВИ СО ПРЕНАТРУПАНОСТ ВО ЗАТВОРИТЕ

Новата британска влада планира предвреме да ослободува затвореници од септември за да се справи со пренатрупаноста на затворите.

Затворите во Англија и Велс имаат простор за уште само 700 машки затвореници и откако ќе се пополнат и овие места, ќе се користат ќелиите во полициските станици.

Според планот, ќе се ослободуваат затвореници кои отслужиле 40 отсто од казната зад решетки.

Ние сме во криза подолго време. Таа криза не покажа знаци на олеснување, а затворите се во прилично очајна состојба“ – Том Витли

Затворениците ќе бидат вратени во затвор доколку ги прекршат условите за ослободување.