Loading Video...
Свет
2. December 2023 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Израел нападна повеќе од 400 цели низ Газа во првите 24 часа по прекинот на еднонеделното примирје.

Воздушните напади биле главно насочени кон џамија на северот од Појасот Газа за која Израел тврди дека била користена од страна на групата Исламски џихад како оперативен команден центар.

За прекинот на огнот израелската влада директно го обвини лидерот на Хамас во Газа.

 По еднонеделното привремено хуманитарно примирје, движењето Хамас вчера одлучи да го прекине ова примирје. Хамас одби да ослободи повеќе од киднапираните израелски жени и деца во спротивставување на нивните обврски кон посредниците. Има име на оваа одлука, и Тоа е (лидерот на Хамас во Газа) Јахја Синвар. Тој е оној кој претпочита да продолжи со тортурата на нашите заложници и да ги држи во нехуманитарни околности што ги прекршуваат сите меѓународни норми или верски морал. Нему воопшто не му е грижа со последиците од оваа одлука врз жителите на Газа кои сакаат да го продолжат примирјето и да се вратат на старите нормални животи“, вели ОФИР ГЕНДЕЛМАН, ПРЕТСТАВНИК  НА ИЗРАЕЛСКАТА ВЛАДА

Во овие напади Министерството за здравство во Газа објави дека загинале над 170 лица, анјголем дел жени и деца, а близу 600 се повредени.

 

По речиси две години од воена инвазија во Украина, рускиот претседател Путин нареди бројот на руски војници да се зголеми за 170 000. Указит на Путин стапува на сила веднаш, а како причина за зајакнувањето на армијата Кремљ ги наведува специјалната воена операција во Укарина и проширувањето на НАТО.

Со ова вкупниот број на руски воен персонал е околу 2,2 милиони, вклучувајќи 1,32 милиони војници.

 

Снежна бура ја парализираше Германија. Аеродромот и главната железничка станица во Минхен за да осигура безбедноста на патниците, па голем дел од нив преноќија во возови и на аеродромот.

Полицијата во горна Баварија апелираше до населението да остане во домовите, додека полициските патроли, итната медицинска помош и пожарникарите се во непрекината акција.

Снежното невреме со температури до -15 степен ќе трае во текот на целиот викенд.