Loading Video...
Свет
26. March 2024 - 16:44

Преглед на вестите од светот

Мостот „Френсис Скот Ки“ во американскиот град Балтимор се урна за само неколку секунди откако товарниот брод „Дали“ рано утринава удри во еден од носечките столбови на мостот. Во тек е акција за пребарување и спасуавње на околу 20 лица за кои се верува дека паднале во студените води на реката Патапско. Во реката завршиле и неколку атвотмобили.  

- Знаеме дека во моментот на уривањето на мостот имало поединци, кои работеле на мостот, изведувачи за нас, изјави Пол Видефелд,секретар на одделение за транспорт на Мериленд.

Примарната мисија на крајбрежната стража во моментов е потрага и спасување, барајќи преживеани во водат, истакна Ерин Палмер, крајбрежна стража на САД.

Карго бродот  пловел под знамето на Сингапур, а бил на пат за Коломбо, Шри Ланка. Од компанијата која е сопственик на бродот  изјавија дека никој од членовите на екипажот не е повреден и дека капетанот пријавил проблеми со струјата кратко пред ударот. 300 метарското пловило сега е заглавено во остатоци од мостот кој е долг 3 километри и дел од главниот автопат.

 

Федералната служба за безбедност на Русија спречила нов терористички напад во Русија. ФСБ наведува дека мажот планирал да активира експлозивна направа во зграда за хуманитрана помош во регионот Самара и дека при акцијата за апсење, експлозивната направа се активирала сама од што напаѓачот  загинал. Претходно, рускиот претседател изјави дека радикални исламисти го извршиле смртоносниот напад во концертната сала Крокус Сити Хол во Москва на 22 март, но оцени дека Украина е вмешана на некаков начин.

„Знаеме дека злосторството е извршено од рацете на радикални исламисти, следбеници на идеологијата против која самиот исламски свет се бори со векови. Исто така, гледаме дека во САД, преку различни канали, се обидуваат да ги убедат своите сателити. и други земји во светот кои според нивните разузнавачки податоци, наводно нема никаква трага од Киев во терористичкиот напад во Москва. Знаеме по чии раце е извршено ова злосторство врз Русија и нејзиниот народ. Нас нè интересира кој е клиентот?“ - изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Џихадистичка група ИД ја презеде одговорноста за масакрот за кој 11 лица се приведени. Во нападот загинаа 139 лица. Во меѓувреме, 147 лица  под сомение дека се поврзани со ИД се уапсени во Турција.  Полицијата ги фатила осомничените во истовремени операции.

 

Во Појасот Газа оружјето не мирува и покрај резолцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на огнот во  палсетиската енклава и ослободување на сите изарелски заложници. Израелски воени авиони утрово го бомбардирале јужниот град Рафах, додека жестоки борби се водат околу болниците во градовите Кан Јунис и Газа. Израелскиот премиер го откажа планираното патување на делегација на високо ниво во Вашингтон, откако САД се воздржаа од гласањето во Советот за безбедност - дозволувајќи резолуцијата да биде усвоена.