Loading Video...
Свет
25. March 2024 - 16:37

Преглед на вестите од светот

ОН: Забрана за испорака на храна во северна Газа

ОН го повикаа Изарел да ја повлече забраната според која конвоите со храна на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци не смеат да одат во северна Газа. Генералниот секретар Гутереш   предупреди дека  одлуката на Тел Авив ќе доведе до тоа луѓе во тој дел на енклавата да умрат од глад и дехидрација. На терен жестоките борби помегу Израел и Хамас се интензивираат. Изарел и покрај меѓународните притисоци, не отстапува во намерата за пресметка со милитантините и копнен напад на Рафах.

 

Габриел: Нема договор за нова Влада на Бугарија  

Нема договор за нова влада на Бугарија. Мандататката на ГЕРБ Марија Габриел го враќа мандатот на претседателот Румен Радев, откако не се успеа да постигне договор за формирање на нова влада со Продолжуваме со промените. ПРеговорите пропаднаа поради барањето на  Продолжуваме со промените за функцијата министер за внатрешни работи откри Габриел. По парламентарните избори минатата година, двата политички табора кои излегоа на врвот, ГЕРБ и ПП, направија договор за поделба на власта според кој ротира должноста на премиерот. Доколку и вториот кандидат за премиер од двете партии  не успее да формира влада, претседателот Радев ќе треба да назначи трет кандидат од останатите партии. Тој неуспех ќе го отвори патот за предвремени избори.

 

 

Четворицата обвинети за смртоносниот напад во концертната сала „Крокус сити“ се соочуваат со доживотен затвор. Се теретат за сторено терористичко дело. На сите им е одреден притвор до 22 мај откако поединечно беа изнесени пред судот во Москва. Тројца од нив признаа вина. фотографиите од судницата кои беа објавени во медиумите укажуваат дека имаат бројни повреди. Исламска држава ја презеде одговорноста за петочниот напад со најмалку 137 жртви поткрепувајќи ја со видеоснимка. По украинскиот претседател и САД ги отфрлаат тврдењата на Путин за вмешаност на Украина во масакрот.

„Нема никаков доказ дека Украина била вмешана во масакрот. ИСИС К според сите укажувања е одговорна за она што се случи“, изјави Камала Харис - потпретседателка на САД.

Руското МНР прстот го впери во Вашингтон – Дали сте сигурни дека е ИСИС? Можеби би требало повторно да размислите за тоа“ нема ли да се премислите подоцна? Праша портпаролката Марија Захарова. Американските власти тврдат дека претходно испратиле предупредувања за планирани терористички напади во земјата, но Кремљ соопшти дека никогаш не ги добиле тие информации. По масакрот во Русија, Франција ја подигна тревогата за тероризам на највисоко ниво.