Македонија
27. August 2016 - 16:47

Прегазен пешак кај кавадаречкото село Возарци

Во сообраќајна несреќа попладнево загина пешак кај кавадаречко Возарци, потврдија за МИА од МВР.

- Околу 14 часот на пат кон селото Возарци, на мостот на реката Црна, од страна на патничко моторно возило бил прегазен Н.С. од селото Дреново, роден 1959 година. Пешакот починал на лице место, соопштија од МВР.

Увидот на лице место е во тек.