Предупредување од заболекарите: 7 намирници кои треба да ги одбегнувате
Сите ние добро знаеме дека слатките се главните виновници за појава на кариес, а црвеното вино остава дамки на забите доколку често го консумираме. Но, постојат и други наизглед безопасни намирници кои можат да им наштетат на забите и да ја уништат ефикасноста на оралната хигиена.
Во продолжение, Ви преставуваме листа на намирници кои заболекарите препорачуваат да ги избегнувате.
Семки од сончоглед
Тие имаат цврста надворешна лушпа која може да ги оштети забите при обидот да ја загризете. Доколку сте љубител на овие здрави грицки, подобра опција се веќе излупените семки.
Коцки мраз
Дробењето на коцки мраз со забите е навика која треба целосно да ја избегнувате. Кога ќе притиснете два кристала еден со друг, еден мора да пукне. Исто така, консумирањето на студен мраз може неповолно да делува на забите.
Спортски пијалоци
Иако овие пијалоци содржат електролити кои им помагаат на мускулите по тренингот, не заборавајте дека тие се полни со шеќери. Не е лошо понекогаш да се напиете некој спортски пијалок, но откажете се од нивно секојдневно консумирање.
Вода со вкусови
Иако водата со вкусови нема шеќер, таа содржи киселини кои ги уништуваат забите. Поради додатоците како што се шеќерот или киселините, водата со вкусови и спортските пијалаци ја менуваат pH вредноста на плунката се зголемува киселоста, а со тоа се намалува отпорноста на забната глеѓ, - вели стоматологот Зринка Марениќ Андрочец.
Еднаш кога ќе се уништат сите слоеви глеѓ, тешко дека истите ќе се обноват. Тогаш забите стануваат чувствителни на кариес, воспаленија и инфекции. Затоа најдобро е да консумирате обична вода.
Суво овошје
Поради својата лепливост, сувото овошје подолго се задржува на забите, а активноста на бактериите кои го разградуваат шеќерот расте, како и киселоста, а со тоа може да дојде до создавање на кариес.
Чипс
Храната која содржи скроб, како што е чипсот, предизвикува кариес. Ензимите во плунката започнуваат процес на варење на оваа храна во Вашата уста, разградувајќи ја од јаглехидрати во шеќери кои стануваат храна за бактериите во устата. Чипсот може да се задржи помеѓу забите, односно да допринесе кон развивање на забен кариес. Па, доколку повремено уживате во чипсови, обидете се после консумирањето да ги измиете забите со доста вода и да користите дентален конец.
Алкохол
Алкохолот ја суши устата и со тоа допринесува кон создавање кариес. Поради намаленото произведување на плунка, се губи нејзината функција на испирање, а со тоа се зголемува чувствителноста на забите и на слузницата на усната шуплина. Морате да внимавате на количината и на тоа колку често консумирате алкохол, како и да обрнете внимание на адекватната орална хигиена.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација