Предлог-програми за реализација на крупни проекти на денешната владина седница
На првата владина седница во 2019-та година, на дневен ред се предлог – програми за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства.
На 114-та седница пред министрите ќе се најде предлог – програмата за работа на Владата на Република Македонија во 2019-та година.
Како што соопшти денеска владината прес-служба, Владата ќе ја разгледа информацијата за годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2019 година, со Предлог-одлука.
– Министерството за здравство за денешната седница предлага дваесетина предлог–програми за претстојната година. Дел од нив се предлог-програма за задолжително здравствено осигурување на државјаните на Република Македонија, за систематски прегледи на учениците и студентите, понатаму предлог-програма за Здравје за сите, за лекување на ретки болести, за задолжителна имунизација, за трансплантација, за рана детекција на малигни болести и.т.н., стои во соопштението
На предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред се предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, како и предлог-програмите за остварување и развој на дејноста во ученичкиот и студентскиот стандард за 2019-та година.
Владата на 114-та седница ќе одлучува за предлог-годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2019-та година.
На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, дел од владината седница е предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019-та година.
Дел од денешната седница, се посочува во соопштението, се и предлог-програмата за инвестирање во животната средина за претстојната година, како и предлог – програмата за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019-та година.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија