Loading Video...
Свет
7. December 2023 - 20:01

Предглед на вестите од светот

Жестоки борби се водат помеѓу израелските сили и милитантните на Хамас во градот Газа и во Кан Јунис во јужниот дел на појасот Газа, локацијата на последното проширување на војната. Парлалено изарелските воздушни сили извршуваат напади врз позиции на Хамас. Министерството за здравство во Газа извести за најмалку 37 убиени цивили во изарелски воздушни напади во текот на ноќта во градот Рафа, во Јужна Газа. 

Проширената воздушна и копнена офанзива на Израел во јужна Газа предизвика раселување на уште десетици илјади Палестинци и ги влоши ужасните хуманитарни услови во енклавата.

Газа се соочува со „сериозен ризик од колапс на хуманитарниот систем“, предупреди генералниот секретар на ОН и апелираше до Советот за безбедност на ОН да побара итен прекин на огнот. Гутереш се повика на член 99 од Повелбата на ОН, во кој се вели дека генералниот секретар може да ги информира членовите на Советот за работи за кои мисли дека го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност. Ова е првпат од стапувањето на функцијата, во 2017 година, Гутереш да се повика на овој член од Повелбата на ОН и првпат некој генерален секретар да го користи ова свое право од 1989 година. Повикот на Гутереш за прекин на огнот е поддршка за Хамас, изјави минситерот за надворешни работи на Израел Ели Коен и побара оставка од Гутереш. 

Сенатот на САД го блокира предлог-законот на Белата куќа за дополнителна финансиска помош за Украина, Израел и Тајван. Републиканците претходно најавија дека ќе гласаат против, бидејки демократите не ги исполнија нивните барања за зајакнување на безбедноста на границите на САД. Против гласаше и и сенаторот Берни Сандерс, независен кандидат, кој пак се противи за испраќање помош за Изарел. 

- Не дозволувајте Путин да победи во Украина, им порача Бајден на републиканците. Ако Путин ја освои Украина, нема да застане тука, туку ке продолжи. Тој тоа прилично јасно го кажа. Ако продолжи и тогаш нападне сојузник на НАТО, па, ние како членка на НАТО се обврзавме да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО. Бајден додаде и  дека е подготвен да направи значајни компромиси за граничното прашање со цел да се изгласа законот за помош.

14 годишина ученичка со пиштол смртно застрела една соученичка, а пет други ученици се повредни во училиште во рускиот град Брјанск. Утрово девојчето влегло во училницата и почнало да пука кон соучениците, а потоа се самоубила. Тинјџерката која пукала била жртва на булинг, соопшти полицијата.