Македонија
6. December 2023 - 12:27

Правда ги подготвува документите за екстрадиција на Палевски од Турција

До крајот на денот се очекува да се подготви барањето за екстрадиција за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција.

Од министерството за правда денеска велат дека е почната постапката и од институциите веќе се собираат потребните информации и документацијата за екстрадиција на Палевски

Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е лишен од слобода во Турција. Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реалзиација.

Потоа комплет списите се праќаат до централниот орган (најчесто Министерство за правда) на државата каде што е бараното лице.

За сите активности Министерството за правда ќе ве информира навремено, посочуваат оттаму

Информацијата за апсењето на Палевски и деталите, синоќа на прес-конференција ги изнесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.