Пратеникот Николоски дел од мониторниг групата на ПССЕ на парламентарните избори во Азербејџан

Пратеникот Александар Николоски е избран да ја води групата пратеници на Европската народна партија во предизборната мониторинг-мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа за парламентарните избори во Азербејџан, што ќе се одржат на 1 ноември оваа година.
Согласно правилата на ПС на Совет на Европа за парламентарните и претседателските избори во земјите под мониторинг или пост-мониторинг се испраќаат краткорочни набљудувачки тимови, кои го набљудуваат изборниот ден и неколку дена пред тоа, како и долгорочна предизборна мисија, која го набљудува целиот предизборен и изборен процес во период од 40 дена пред одржувањето на изборите. Долгорочната мисија е составена од 6 члена, во неа влегуваат водачите на партиските групи за мониторинг на изборите и известителот за земјата. Ова тело се смета за најзначајно при целиот изборен мониторинг и истото го подготвува и претставува, во ПС на Совет на Европа и во јавноста, извештајот и оценката за тоа како биле организирани и како протекле изборите, како и целиот предизборен период.
Пратеникот Николоски ја претставува најголемата и највлијателна група во ПССЕ, групата на Европската народна партија.
За таа цел пратеникот Николоски, заедно со претставниците на другите политички групи во ПССЕ, ќе оствари посета на Азербејџан во периодот од 20 до 23 септември, при што ќе се сретне и ќе разговара со претседателот на Парламентот, со претставниците на политичките партии застапени во Парламентот, со лидерите на опозициските партии кои се и кои не се застапени во Парламентот, потоа со претседателот на Централната изборна комисија, со претставниците на граѓанското општество, со претставниците на медиумите и со амбасадорите на Европската унија, Германија, Шпанија, Белгија и Турција.
Целта на предизборната мисија ќе биде да ја согледа атмосферата во која тече предизборниот период, имплементирањето на изборните закони, дали постои доволно простор за претставување на сите политички партии, да утврди дали недостатоците, кои меѓународните набљудувачи ги констатирале во претходните избори во однос на составот на изборните комисии и регистрацијата на кандидатите, се надминати, како и состојбата во граѓанскиот сектор и во медиумите.
Парламентарното собрание на Советот на Европа има водечка улога во развивањето на меѓународната соработка и создавањето на Европско изборно наследство. Тоа е првата меѓународна организација која членувањето во неа го врзува со одржување на слободни и фер избори.
Пратениците истовремено ја набљудуваат и техничката и политичката природа на изборниот процес. Од технички аспект, тие се фокусираат на адекватноста на корпусот на закони според кои се одвиваат изборите, а од политички аспект го мониторираат политичкиот контекст во кој се одвиваат изборите.
Пратеникот Николоски има повеќегодишно искуство во мониторинг на парламентарни и претседателски избори преку мисиите на ПС на Совет на Европа, ова е највисока позиција која ја извршува во рамки на мониторинг-процесот на изборите во земјите членки на Совет на Европа.
Исто така, ова е признание и за Собранието на Република Македонија, зашто само пратеник од земја која добила извештаи дека организира фер и демократски избори може да биде избран во ваква мониторинг-мисија.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
