Пратеникот Фадиљ Зендели од Беса, кандидат за градоначалник на Гостивар
Актуелниот пратеник и потпретседател на политичката партија „Движење Беса“ ќе биде кандидат за градоначалник на општина Гостивар. Тој беше единствен предлог на основачкото собрание на гостиварскиот огранок, кое се одржа синоќа.
На една од точките од дневниот ред беше и избор на кандидат за градоначалник, по што членовите на собранието едногласно го поддржаа предлогот, Зендели да биде кандидат за претстојните избори. Тој во обраќањето по изборот најави дека ќе работи на организирање на членството и постигнување на добри изборни резултати.
– Целосно сум свесен за потребите и барањата на граѓаните и свесен сум за тие предизвиците. Но, без сомнение, на 17 октомври, имаме одлична можност заеднички да ѝ дадеме голем поттик на општината за побрз развој и да ја издигнеме. Затоа, овие избори не се само прашање на изборна конкуренција, туку конфронтација на вредности и идеи, стратегии и проекти во подобрување на животот на сите нас што живееме во општина Гостивар, рече Зендели.
Листата за кандидати за членови на општинскиот совет, ќе биде објавена на генералното собрание кое според најавите треба да се одржи пред 11 септември.
Раководството на партијата откако претходно ги распушти ограноците низ земјава, донесе одлука за реорганизација и нивно активирање пред локалните избори.
На основачкото собрание, на кое присуствуваа претседателот Биљал Касами, министерот за земјоделие Аријанит Хоџа и заменик министерот за образование Арафат Шабани беа избрани раководните тела на огранокот. Нов претседател гостиварскиот огранок од синоќа е Арбен Адеми директор на „Театар Гостивар“.
Кандидатурите за градоначалник на Гостивар досега ги официјализираа Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Рената Елези од ДПА. Според најавите на раководството на ДУИ, нивен кандидат ќе биде Невзат Бејта.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
