Пратениците од утре ќе користат нова модерна конференциска опрема во собраниската сала
Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ја претстави новата модерна конференциска опрема во пленарната сала, што од утре ќе биде ставена во функција.
Џафери информира дека салата е комплетно обновена, а како што беше и пред пандемијата со КОВИД-19, во салата од утре ќе можат да присуствуваат и медиумите без ограничувања, според претходно воспоставените правила.
– Таа јавна набавка е направена минатата година. Извршени се сите тестирања, сите работи функционираат како што треба и од утре се враќаме во новата сала, рече Џафери, додавајќи дека на пратениците им била овозможена обука за користење на опремата.
Претседателот на Собранието смета дека со новата опрема ќе се придонесе за заштеда на хартија, имајќи предвид дека системот овозможува сите материјали што се прикачуваат на Е-Парламент да можат да директно се пребараат во системот.
![]()
Монтажата на новата опрема е спроведена во декември 2021 година, а наменската доработка и адаптација на салата во периодот од јануари до април 2022 година. Производител на опремата е германската компанија „Брелер ИЦС Конефернцтехник“, а вредноста на инвестицијата е 520.000 евра. Ваква опрема се користи во Светскиот конференциски центар во Бон, во Албанија, Швајцарија, Холандија…
Меѓу предностите на новата опрема се и целосно компјутеризираниот и дигитален принцип на функционирање, модернизација на работата и работење без хартија, прикажување на агендата на седница, кој е тековен говорник, кој е пријавен за збор, реплика, контрареплика, или процедурални забелешки, гласања по точките од дневниот ред, како и прилагодување на менито на јазикот на пратеникот.
Ново на Сител
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
-

Труп на човек пронајден во Вардар кај Демир Капија, телото на обдукција
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
