Познатиот астролог Душан го откри убиецот на Јелена

Според точното време на раѓање на пејачката Јелена Марјановиќ и на нејзиниот сопруг Зоран, познатиот српски астролог Душан Величковиќ открил дека за ден два убиецот ќе биде предаден во рацете на правдата.
- Јелена е убиена со некој метален предмет, најверојатно со шипка, а не со чекан како што се претпоставуваше до сега. Убиена е од позади грб, во близина на нејзината куќа. И полицијата знае дека маж е убиецот, но тој е на слобода бидејќи не можат да го најдат предметот со кој е убиена. Со оглед на тоа дека Марс моментално се наоѓа во знакот на Стрелецот кој ја претставува левиот брег од реката и дека е лево од Скорпија, која ја претставува реката, предметот се наоѓа меѓу насипот и реката. Убиецот дека е интелегентен човек тоа е неоспорно, но интелегенцијата не гарантира разум туку само средство за реализација за нечиј темперамент и карактер. Поради таа интелегенција, тој успева да го збуни обвинителството и мисли дека еден чекор е пред нив. Толку е љубоморен што не можело ни птица да прелета, а тој тоа да не го знае. Ја убил додека бил под антидепресиви, затоа тоа случување на него не остави трага, а од друга страна е врвен манипулатор кој мисли дека не направил ништо лошо и поради тоа успеала да го надмудри полиграфот, објаснува астрологот.
Што се однесува на Јелена, Величковиќ напоменува дека таа била жена со исклучителен телент, но проблемот е во тоа што нашла сопруг кој бил сличен на нејзиниот татко.
Ново на Сител
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
-

84-годишник со закана изнудил 5000 евра од негова роднина, па прекинал комуникации со неа
-

76-годишен тетовец починал откако избил пожар во неговиот стан
-

Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

На демонстрантите во Иран ќе им се суди како на непријатели на Бог
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
