Пожарот во парламентот на Јужна Африка е ставен под контрола
– Пожарот што ја зафати зградата на парламентот на Јужна Африка за време на викендот повторно е ставен под контрола, соопшти рано утринава противпожарната служба, пренесе ДПА.
Пожарот избувна во неделата и првично беше ставен под контрола, но силниот ветер повторно го разгоре и синоќа доведе до негово ново разгорување.
-Пламените јазици беа изгаснати по полноќ, изјави портпаролот на противпожарната служба Џермејн Карелс за телевизијата eNCA.
ДПА претходно јави дека во зградата на парламентот е уапсен еден 49-годишен маж, кој денеска треба да се појави пред суд, а се товари за провална кражба и подметнување пожар.
Трошоците за обнова на оваа историска градба се проценуваат на неколку стотици милиони долари.
Пожарот ја уништи салата на Националното собрание и повеќе канцеларии.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти

