Пожарникари од Франција, Норвешка и Финска пристигнуваат во Грција за да ѝ помагаат во пожарите
Во рамките на европската програма што предвидува над 200 пожарникари од шест европски земји да ѝ помагаат на Грција во гаснењето на пожарите, во следниот период заедно со грчките ќе бидат и пожарникарите од Франција, Норвешка и Финска, јави дописничката на МИА од Атина.
Францускиот тим од 25 пожарникари ќе биде распореден во областа Атика, поширокиот регион на Атина во текот на август и доаѓа на местото на романскте пожарникари, кои си заминаа во петокот. На Пелопонез, во градот Триполи ќе бидат пожарникарите од Норвешка, вкупно 27 кои пристигнаа вчера, а во текот на денов се очекува да пристигне и тимот од 48 пожарникари од Финска. Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис, утрово во Атина ги пречека француските пожарникари.
- Вашето присуство, драги пријатели, уште еднаш докажува колку се силни врските меѓу грчката и француската противпожарна служба. Истовремено, ги потврдува силните историски врски меѓу нашите две земји, Грција и Франција. Успехот на програмата за распоредување на европските пожарникари е доказ дека европската солидарност функционира со конкретни, опипливи резултати, рече Стилијанидис.
Европската пилот програма се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита со поддршка на Европската Комисија и предвидува во периодот јули- август пожарникари од Бугарија, Романија, Германија, Франција, Финска и Норвешка да бидат лоцирани и распоредени во Грција за да помогнат во противпожарната заштита и во размената на знаење и искуство со нивните грчки колеги. Во грчките градови Триполи и Лариса се пожарникарите од Германија и Бугарија, а во Атина беа романските, на чие место сега доаѓаат француските поожарникари.
Ново на Сител
-
Обвинение против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Орбан и унгарски политичари во шок од убиството на Чарли Кирк: Стоп за омразата од левичарската пропаганда
-
Приведени двајца возачи од Охрид и Кичево управувале мотоцикл и возило со 2,36 и 1,75 промили алкохол во крвта
-
Кривична за поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ Кавадарци, предизвикале вкупна штета од 1.669.019.482 денари
-
Приведени двајца крадци од гостиварско
-
Зеленски изрази незадоволство од светските лидери
-
Работник од Делчево почина по пад во фабрика
-
Бoрис Џoнсoн: Кирк бeшe убиeн зaтоa штo го зборуваше она што некогаш беше здрав разум