Пожар кај неготинската депонија, од Комуналец се сомневаат дека е подметнат пред избори
Пожар избувна попладнево кај неготинската депонија, реагираа од еколошкото здружение ,,Ековита”. Оттаму нагласија за МИА дека иако ветуваат пред сите избори, политичките партии недоволно водат грижа за животната средина.
Директорката на ,,Комуналец”, Марина Бојаџиева, за МИА рече оти се сомневаат дека пожарот е подметнат како и минатиот пат, сега особено поради тоа што е период пред избори.
– Проблемот настана пред околу два часа. На лице место интервенираа наша екипа и екипа од противпожарната единица. Успеавме за брзо време да се справиме со огнот кој всушност избувна отстрана од депонијата, гореше нискостеблеста вегетација и само дел од старата депонија која не се користи. Не дозволивме огнот да ја зафати целата депонија, појасни Бојаџиева.
Таа апелираше несовесните поединци да не се служат со нечесни работи, затоа што при секоја ваква интервенција на терен, се трошат материјални и човечки ресурси. Рече дека совесноста и оди во прилог на целата заедница.
Ново на Сител
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор