Повторување на гласањето од првиот круг ќе има на по едно избирачко место во Дебар и во Шуто Оризари
На локалните избори утре повторување на гласањето од првиот круг ќе има на две избирачки места – на 0543 во Дебар за градоначалник и за членови на совет и на 2957/1 во Шуто Оризари за членови на советот. Управниот суд го поништи гласањето во овие две избирачки места, по што ДИК донесе решение за прегласување.
Во избирачкото место 0543 во Дебар во Избирачкиот список запишани за гласање се 777 граѓани со право на глас.
На избирачкото место 2957/1 во Шуто Оризари ќе се прегласува за членови на советот, и паралелно ќе се гласа за вториот круг од локалните избори за градоначалник. На ова избирачко место има 655 гласачи.
Во вториот круг од локалните избори ќе се гласа во вкупно 44 општини, а гласање нема да има во Маврово-Ростуше и Центар Жупа бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во согласност со Законот за локална самоуправа ќе се организира повторување на гласањето.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат