Македонија
20. April 2021 - 16:09

Повредени три лица во сообраќајка на „Партизанска“

Вчера во 14.55 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од М.М.(30) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(46) од Скопје, соопштуваат од МВР.

Во незгодата со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „ауди“, З.Т.(52) од Скопје. Извршен е увид.