Македонија
21. November 2020 - 11:38

Повредени шест лица во сообраќајка на патот Куманово - Скопје

Вчера околу 16.00 часот на регионалниот пат Куманово - Скопје, на излез од с.Љубодраг кон Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(23) од с.Умин Дол, кумановско, и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(59) од Куманово, соопштуваат од МВР.

Во незгодата, кај М.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај возачот Д.Ц. и сопатниците С.Б., С.Е., Е.С. и И.С. биле констатирани телесни повреди, констатирани во Општата болница – Куманово. 

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.