Повеќето од старешините-пучисти во Турција биле Албанци

Повеќето старешини кои го организирале обидот за државен удар во Турција се со албанско потекло.
Веста ја пренесува „Шќиприа име“ под наслов „Воен пуч во Турција, повеќето од старешините се Албанци.Еве ги имињата“.
- Главниот обвинет за организирање на воениот удар во Турција е генерал Акин Озтурк, чие потекло е од Косовска Митровица. Генералот Адем Худути, е роден на Косово.Тој пред да ја преземе командата над турската Втора армија командуваше со единиците на границите со Русија и Грција, некое време беше на чело на турските сили во Авганистан. Роден е во 1952 во селото Речане, во близина на Призрен, а неговото семејство се преселило во Турција кога имал пет години, пишува порталот.
Според истиот извор, меѓу главните осомничени е и воениот пилот Јусуф Курт, кој го собори рускиот авион. Тој е по потекло од селото Букороц кај Призрен.
На чело на овој пуч е и генерал-потполковник Метин Идил, исто така со албанско потекло, додека од 29 уапсени полковници и пет генерали , 25 од нив се со албанско потекло.
Ново на Сител
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
-

На дуелот со Данска на Европското првенство судии од Молдавија
-

Мирослав Попоски патува на 30-то големо натпреварување да ја бодри Македонија | ВИДЕО
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
