Повеќе од 3.000 Украинци засолнети во Албанија
Од почетокот на рускиот напад врз Украина, пред шест месеци, повеќе од 3.000 украински граѓани прибежиште нашле во Албанија, изјави украинскиот амбасадор во Албанија, Володимир Шкуров.
Додава дека повеќето од нив се решени да се вратат во Украина и да ја обноват својата земја по војната.
-Имаме посебна благодарност до народот на Албанија, кој собра разновидна помош, во средства, лекови, храна и други производи. Добивме многу силна поддршка од САД и земјите од НАТО, а оваа помош и поддршка се многу значајни за нас, изјави украинскиот амбасадор Шкуров, по настанот „Украинска книга“ во Националната библиотека на Албанија.
Ова е иницијатива на првата дама на Украина, Олена Зеленска, за да можат Украинците засолнети во Албанија да најдат книги на својот јазик.
Соработката меѓу Албанската национална библиотека и амбасадата на Украина во Албанија беше опишана како односи меѓу двете земји.
Директорот на Националната библиотека, Пиро Миша, меѓу другото ја нагласи важноста од отворањето украинско литературно катче во библотеката како дел од добрите односи меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина