-->
-->
Повеќе од 100 сообраќајки за еден месец, брзото возење најчеста причина
-->

Во јули во Тетово и тетовско регистрирани се 106 сообраќајни несреќи или 24 повеќе во споредба со истиот период лани.
Во нив, едно лице го загубило животот, 6 несреќи завршиле со тешки, 39 со телесни повреди, а во 60 приченета е само материјална штета, која вкупно се проценува на над 3 милиони денари, додека бројот на повредените во јулските несреќи изнесува 200.
Најмногу од несреќите, повторно се случиле на тетовските улици (46), а потоа на регионалните патишта кон Пирок и Јажинце и автопатот (16), односно 36 на отворен пат и 70 во населени места.
Најчести причини и во периодот за кој станува збор се: неприлагодена брзина, односно пребрзо возење (28 несреќи), неправилно вршење дејствие (20), недавање првенство (9), недржење растојание (8 и така натаму.
Најкритични денови во овој период биле среда, четврток и петок со по 20 сообраќајни несреќи, а најризичен период од 16 до 20 часот и посебно од 18 до 20 часот.
Најголем број од несреќите биле во движење (65), во 10 несреќи оштетени се паркирани возила, во 8 учесници биле пешаци, во 10 животни, а имало и 13 излетувања, најчесто како последица од пребрзо возење. Најбројни меѓу животните-предизвикувачи на несреќите биле кучиња-безодмници, кои неконтролирано се движеле по автопатот Тетово-Гостивар и Тетово-Скопје, особено во вечерните часови, пред се како немање на заштитна опрема на повеќе места долж оваа сообраќајница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Камењецки: Зошто Путин за време на војната за прв пат облече војничка униформа
-
Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје
-
Експерти на ОН го обвинуваат Израел за геноцидни постапки и сексуално насилство во Газа
-
Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна
-
ФСБ спречила пакети со рачно изработени бомби да стигнат до војници и државни службеници
-
При претрес во Tетовско пронајдена дрога, приведен 19-годишник
-
Египет ја поздрави одлуката на Трамп да не бара од Палестинците да ја напуштат Газа
-
Оружје и муниција пронајдени кај 71 годишен жител на Струшко