Поведена постапка заради трговија со дрога
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против државјанин на Република Албанија поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопштија од ОЈО Струга.
– При претрес извршен на 30.10.2020 година, во близина на магистралниот пат, во правец од Ќафасан кон Струга, кај м.в. Василев дол, во торбица кај осомничениот биле пронајдени 14.875,05 грама наркотична дрога – марихуана, која тој ја држел неовластено заради продажба, информираат од струшото обвинителство.
Јавниот обвинител по донесување на наредбата за спроведување на истражна постапка, до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари