Потпишан Меморандум за разбирање меѓу МВР и Министерството за енергетика на САД
Во духот на веќе докажаното и потврдено партнерство меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, денеска официјализираме уште еден сегмент од мноштвото области од нашата долгогодишна меѓудржавна и меѓуинституционална соработка - спречувањето на нелегалната трговија со нуклеарен и друг радиоактивен материјал, рече министерот Оливер Спасовски на денешното потпишување на меморандумот за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за енергетика на САД со амбасадорот на САД Н.Е. Џес Бејли. На потпишувањето на меморандумот присуствуваа и директорката на Управата за нуклеарна безбедност на САД Лорел Котон, директорот на Царинската управа на Република Македонија Ѓоко Танасоски и директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Светислав Ѓорѓевиќ.
-Овој Меморандум за разбирање претставува нова нормативна рамка за интензивирање на досегашната заедничка и плодна соработка. Со Меморандумот за разбирање, МВР и Националната управа за нуклеарна безбедност при американското министерство за енергетика одат чекор понапред во партнерските напори за поквалитетна контрола и превенција на проблематиката со нелегална трговија со нуклеарен и друг радиокативен матерјал, притоа воспоставувајќи повисоки технички, оперативни, стручни и други стандарди- рече Спасовски.
Со Меморандумот се отвораат конкретни можности и за експертско, односно стручно оспособување на наши службеници во областа на нуклеарната и радиоактивна заштита, што бездруго ќе значи дополнителен инпут за зголемување на нивото на заштита, како во национални така и во регионални и меѓународни рамки.
-Во име на Министерството за внатрешни работи, како и во свое име сакам да им се заблагодарам на нашите пријатели и поддржувачи – САД, кои што се наши искрени партнери во процесите на реформи и евро-атлантско интегрирање на Република Македонија. Немам дилема дека таа соработка и натаму во годините пред нас ќе продолжи со уште поголема и поквалитетна динамика и опфатност- рече Спасовски.
Амбасадирот на САД, Н.Е. Џес Бејли ја потенцира одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Дирекцијата за радијациона сигурност, Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS), како и Министерството за енергетика на САД (DOE).
-Република Македонија е стратешки партнер на Соединетите Американски Држави. Веќе 25 години работиме заедно за поддршка на стремежите на Македонија да се приклучи кон ЕУ и НАТО. Соединетите Американски Држави се посветени на соработка со Македонија за зајакнување на нејзините граници. Навистина сме горди на нашата работа во полето на обучување на граничните, царинските службеници, како и службениците одговорни за радијациска безбедност да ги применуваат најсовремените методи. И соработуваме за да помогнеме овие македонски службеници да ја имаат опремата што им треба за спроведување ефективни и ефикасни операции- рече амбасадорот Бејли.
Овој вид соработка даде опипливи резултати и годинава беа пријавени бројни случаи на превенција кои делумно се должат на нашето партнерство, кое опфати обука поддржана од владата на САД и донации на опрема, рече Бејли.
-Во ноември годинава планираме да донираме на МВР две комбиња со системи на мобилна детекција (MDS) и поврзана опрема во износ од 550 000 $. Комбињата со системи на мобилна детекција и опремата ќе бидат користени од Бирото за јавна безбедност на спортски и национални настани, од страна на Граничната полиција и Царинската управа, како и од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност. Сè со цел подобрување на безбедноста на Македонија- рече Бејли.
Ново на Сител
-
ОЈО: Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
-
Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија
-
Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот
-
Бројот на жртви од уривањето на училиштето во Индонезија се зголеми на 36
-
Кампања на МОН „Магијата е во знаењето“: Да го вратиме сјајот и достоинството на професијата наставник
-
Коњановски: Коалицијата „Твоја Македонија“ ќе има мнозинство во Советот на Општина Битола
-
Путин: Испораката на американските ракети „Томахавк“ на Киев ќе ги уништи позитивните трендови меѓу Русија и САД