Потпишан Договор за техничка соработка меѓу Северна Македонија и Јапонија
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Јапонија, Бујар Османи и Јошимаса Хајаши денеска на средба во Токио потпишаа Договор за техничка соработка меѓу двете држави , со што се зајакнува можноста за имплементација на јапонската билатерална помош за земјава, но и збогатување на договорно правната рамка.
Како што соопшти МНР, Договорот преставува и основа за унапредување на билатералните односи во повеќе аспекти, пред сѐ во делот на економската соработка и бизнис врските.
Шефот на дипломатијата Османи упати благодарност за долгогодишната и континуирана јапонска помош преку бројни проекти, грантови и донации, што ја вбројува Јапонија меѓу најголемите донатори во земјава.

– Јапонската помош за Северна Македонија, кумулативно достигнува без малку половина милијарда долари. Многубројни проекти што се финансирани преку јапонската помош го поттикнуваат нашиот економски и социјален развој: од реконструкција на училишта, подобрување на условите во медицински установи, па сѐ до поддршка за малите и средни претпријатија, зачувување на животната средина – сѐ се тоа области во кои јапонската помош силно придонесува во развојот на земјата, истакна Османи.
За време на средбата, се разгледани и можностите за унапредување на економската соработка и бизнис врските, при што министерот Османи како особено значајна во овој дел ја оцени јапонската Иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан.
Османи информира и за одржаната презентацијата на поволностите што земјава ги нуди за странски инвеститори, во рамки на ЈЕТРО бизнис форумот, како и претстојното учество на Северна Македонија на ОСАКА ЕКСПО 2025.
![]()
Османи информира и за одржаната презентацијата на поволностите што земјава ги нуди за странски инвеститори, во рамки на ЈЕТРО бизнис форумот, како и претстојното учество на Северна Македонија на ОСАКА ЕКСПО 2025.
– За нас е особено значајно зајакнувањето на економската соработка и бизнис врските со Јапонија. Имав одлична можност да ја промовирам бизнис климата во Северна Македонија пред голем број јапонски компании од автомобилската индустрија, енергетиката, ИТ секторот и други полиња, кои покажаа интерес за инвестирање во земјава. Воедно, учеството на Северна Македонија на ОСАКА ЕКСПО 2025, ќе придонесе за зголемување на видливоста на нашата земја во Јапонија и ќе отвори можност за остварување на нови бизнис партнерства и за привлекување јапонски инвестиции, подвлече Османи.
![]()
На средбата, се наведува во соопштението од МНР, е упатена заедничка осуда на руската инвазија врз Украина, што првенствено ја нарушува европската безбедносна архитектура, но истовремено подеднакво влијае и врз азискиот континент, индо- пацифичкиот регион и врз целокупниот меѓународен поредок базиран на правила.
Министерот Османи меѓу другото се осврна на претстојните значајни јубилеи – 110-годишнината од раѓањето на Кензо Танге во 2023 година и 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи во 2024 година, што претставуваат убава можност со пригодни заеднички настани да ги одбележиме досегашните достигнувања и успеси во билатералните односи меѓу двете земји.
Ново на Сител
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
-

Славенички и концертен спектакл – 20 години музичка кариера на Јордан Митев
-

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!
-

Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
