Потпишан договор за организација на Европскиот олимписки младински фестивал во Скопје во 2025 година

Претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски и генералниот секретар, Сашо Поповски заедно со претседателот на Европски олимписки комитет (ЕОК) Спирос Капралос, вчера во Марибор во Словенија потпишаа меморандум за организација на Европскиот олимписки младински фестивал во Скопје во 2025 година.
Како што изјави Димевски, МОК е подготвен за комплетна реализација на настанот.
– Подготвени сме да го прифатиме предизвикот да бидеме домаќини на летното издание на Европскиот младински олимписки фестивал во 2025 година и да организираме незаборавен европски мултиспортски настан за млади спортисти. Привилегирани сме што ја имаме оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети. Од организациски аспект претстои многу работа, но имајќи предвид дека зад нас ги имаме Европските олимписки комитети, но и Владата на Северна Македонија и градоначалникот на Град Скопје кои со големо задоволство ја примија оваа прекрасна вест, можеме само кажете дека сме подготвени да реализираме неверојатни игри во Скопје 2025, истакна Димевски.

Годинашното издание на Европскиот олимписки младински фестивал се одржуваше во Марибор, каде присуствуваа повеќе од 2400 спортисти и околу 1000 официјални претставници, во 11 спортски дисциплини.
Првото издание на фестивалот се одржало во Брисел во 1991 година каде што младинци на возраст од 14 до 18 години се натпреварувале на интернационалниот настан.
Северна Македонија ќе биде една од 25. европски земји кои биле домаќини на зимски и летни игри и 16-та во која ќе се одржи летното издание.
Ново на Сител
-

Обвинител: Сите главни осомничени за грабежот во Лувр се во притвор
-

Помалку маркетинг, повеќе тренинг и здрава исхрана | Кирил Стојановски | Sitel Podcast 128
-

Студентите во блокада во Србија утре пред Ректоратот; 16 минути молчење и потсетување за неисполнетите барања
-

Сиљановска-Давкова од Подгорица: Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан
-

Орбан: Будимпешта е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина
-

Осомничениот за пукањето пред Белата куќа ќе биде обвинет за убиство од прв степен
-

ЈПДП: Расчистување на вегетацијата на клучките на автопатот А1, безбедноста врвен приоритет
-

На земјоделците во Грција ќе им бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди евра
