Постигнат договор за останување на Велика Британија во ЕУ
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск соопшти дека договорот за останување на Велика Британија во ЕУ добил едногласна поддршка од лидерите на 28-те членки на Унијата.
- Договорено е. Едногласна поддршка за новиот договор за Британија во ЕУ, напиша Туск синоќа на Твитер.
Британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека договорот и овозможува на Британија специјален статус во ЕУ и денеска ќе побара од неговата Влада да го прифати.
Договорот предвидува два клучни елемента, кои ќе бидат вметнати во идните договори на ЕУ: специјално изземање на Британија од натамошна политичка интеграција внатре во Унијата и обезбедување фер третман во врска со финансиските и економските ангажмани меѓу земјите од еврозоната и членките на ЕУ, кои се надвор од неа.
Освен тоа, Британија ќе има право на работниците кои ќе дојдат да работат во оваа земја да им ги одземе во првите четири години социјалната помош и бенифициите, додека сами не придонесат за финансирање на системот.
Туск оцени дека станува збор за избалансиран и фер компромис, кој сите можат да го прифатат.
- Европските лидери се договорија за праведен компромис со британскиот премиер, благодарение на кој тој ќе може да агитира во својата земја за останување на велика Британија во Унијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа нагласи дека членството во ЕУ претставува огромна вредност, особено во време на турбуленции и небезбедност во светот, посакувајчи му успешна кампања на камерон во следните месеци.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле