Постапка против осомничен дилер на кокаин од Џепчиште
Основното јавно обвинителство – Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен жител на селото Џепчиште осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и со решение на Судот на обвинетиот му е определен притвор во траење од 30 дена.
– При претрес во домот на осомничениот на 29 март полицијата пронашла вкупно 78,43 грама наркотична дрога кокаин, поделена во повеќе помали пакувања, како и две дигитални ваги. Дрогата ја чувал скриена во гранките на едно од зимзелените дрвја околу куќата, соопштија денеска од Јавно обвинителство.
Ново на Сител
-
Став на СПМ за измена на државниот грб
-
ДУИ: Државниот врв не ја честиташе независноста на Косово
-
Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница
-
Демонстрации против Трамп под слоганот „Без кралеви на денот на претседателите“
-
Aвионска несреќа во Торонто, повредени осумнаесет лица | ФОТО + ВИДЕО
-
Во Ријад ќе преговараат високи претставници на САД и на Русија
-
Од утре намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози