Последен ден од МЕФ 2019
Со воведно обраќање на шпанскиот амбасадор Емилио Лорензо Сера на тема „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност – искуства од Шпанија“ и одржување на двата последни панела денеска во Струга ќе биде затворена меѓународната конференција за енергетика „Македонски енергетски форум – МЕФ 2019“.
Темата на првиот панел ќе биде „Нови технологии и обновливи извори во целокупното производство на електрична енергија по 2030 година“ на која меѓудругите ќе дебатира и министерот за економија Крешник Бектеши. Вториот панел е на тема „Енергетската ефикасност како главен фактор за намалување на потрошувачката на енергија по 2030 година“.
На настанот, чија тема е „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност“, во изминатите два дена дебатираа високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката.
Ново на Сител
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига