-->
-->
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје
-->
Поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ утревечер од 18 до 23 часот ќе има посебен сообраќаен режим на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје.
-Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети
-
Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф
-
Ердоган против Евровизија: „На вакви настани стана невозможно да сретнеш нормален човек“
-
МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет