Поранешен министер, директори во НЛБ, нотар и адвокат осомничени за „перење пари“
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформило предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Република Словенија за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 и „перење пари“ од член 273 од Кривичниот законик.
- Постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејствија за основање на фирми, подигање на кредити и пренесување на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата се инвестирани во основање на нови фирми и купување на недвижен имот на подрачјето на град Битола, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Со цел да утврди факти и да обезбеди докази, како што се додава во соопштението, Обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издале наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа.
Ново на Сител
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор