„Порака“:Неготино е лидер за деинституционализација во Македонија и регионот
Неготино е лидер по сервисните услуги за лицата со посебни потреби, а особено за деинституционализација во Македонија и регионот, нагласи денеска Гордана Трајковска, претседател на неготинска „Порака”, во рамките на активностите во чест на трети декември, ден на лицата со попреченост.
Таа потсети дека покрај со Дневниот центар за лица со хендикеп, неготинска „Порака” веќе неколку години успешно го спроведува проектот за деинституционализација, извлекување на лица со попреченост од гломазни институции и сместување во станбени заедници.
- Како што сме ние дел од ова општество и од оваа општина, така би сакале секој наш корисник да биде дел од општината и дел од заедницата. Впрочем оваа работа ја работиме изминатите десет години, процесот на деинституционалзиација и дневните сервиси како даватели на услуги, се со цел лицата кои се со попреченост и долги години живееле во институција, да можат да бидат рамноправни и активен дел од заедницата, нагласи Трајковска.
Благодарение на „Порака” Неготиво, рече, денес се се повеќе реализирани индивидуи, личности ковачи на сопствената среќа.
- Тие можат да бидат што ќе посакаат, тие се уметници и артисти и земјоделци и кројачи, додаде таа.
Центарот „Порака” има вкупно 81 корисник кои се деинституционализирани, сместени во вкупно 17 станбени заедници од кои девет во Неготино и осум во Скопје.
Во чест на Денот на лица со попреченост, беше изведена театарската претстава „Вино, љубов и грозје”, корисниците на „Порака” се претставија и со музички точки, а присутните имаа можност да ја погледнат и изложбата со нивни рачни изработки, која има продажен карактер.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно