Поради судирите околу 100.000 жители го напуштиле Џизре
Околу 100.000 луѓе беа принудени да го напуштат родниот град Џизре поради продолжените судири меѓу турските безбедносни сили и бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), објави турскиот весник „Џумхуриет“.
Турските сили за безбедност презеда антитерористичка операција во Џизре, во округот Шарнак, на 14 декември, во која учествуваат тенкови и тешка артилерија. Во декември беше прогласен и 24-часовен полициски час во градот.
Пратеникот на курдската Демократска партија на народите, Фајсал Сарајлдаз изјави дека воена состојба во Џизре, град со население од 120.000 луѓе, принудила 100.000 жители да го напуштат родниот град.
Тој наведе дека за време на судирите меѓу турските безбедносни сили и ПКК загинале 73 граѓани, меѓу кои бебиња, деца, жени и возрасни лица.
Ново на Сител
-
Тензично пред и внатре во албанскиот парламент
-
Минатата година во Србија идентификувани 82.000 случаи на детски труд
-
Мицкоски: Нема да ја повторувам како папагал придавката
-
Мицкоски: Гаши да се извини на граѓаните на Македонија бидејќи од тука зема плата
-
Кај уапсените Косовци поради шпиунажа во корист на Србија пронајдено оружје, муниција и гас-маски
-
Од идната недела уште повисоки температури
-
ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
-
Христијан Мицкоски мандатар за состав на влада