-->
-->
Поради поплавите прогласена тревога во три градови во Јужна Баварија
-->
Властите во три населени места во баварскиот округ Ротал Ин денеска прогласија тревога поради поплави по обилните дождови кои го зафатија регионот.
Најтешко погодена е општината Трифтерн, со население од околу 5.000 луѓе. Под вода се многу улици, училиштето, две детски градинки и други згради. Во спасувачката операција учествуваат хеликоптери, со кои се евакуираат граѓаните од покривите на куќите.
Во другите два града, каде е прогласена трвога - Зимбах ам Ин и Тан наврнале 45 литри на метар квадратен.
Јужните и југозападните региони во Германија изминатите денови беа погодени од моќен циклон, пропратен со обилни дождови и силен ветер. Во невремето загинаа четири лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг